Осомничени, осудени и поранешни затвореници – избрани за градоначалници во Романија

Од:

Адевирул – Букурешт

Врз романските избирачи не влијаеше фактот дека некои кандидати биле осудени или предмет на разни истраги. Заради таа причина некои општини ќе бидат раководени од лица кои имаат или имале проблеми со законот. Адевирул ќе ви претстави некои од тие случаи, и фазата во која тие се наоѓаат.

Ситуацијата во Баја Маре е уникатна за Романија: кандидат е избран за градоначелник со добиени скоро 70 проценти од гласовите, и покрај тоа што тој се наоѓа зад решетки, осуден од суд со мерка притвор заради претпазливост. Каталин Керекеш, затоа што за него станува збор, ќе дознае на 26 јуни дали ќе остане во притворот, со што би се усложнила ситуацијата.
Според обласниот управител на Марамуреш, Себстијан Лупуц, изборите за градоначалник можат да бидат признати за валидни независно од тоа дали тој има можност да положи заклетва, затоа што законот не предвидува рок во кој избраниот градоначелник треба да го направи тоа.

– Ако му биде овозможено да излезе и да положи заклетва, тој може да биде доведен од притворот пред Општинскиот совет, но нема рок во кој тој треба да положи заклетва, појасни обласниот управител. Според него, Керекеш може да биде избран за градоначалник, без да положи заклетва, додека не се разјасни неговата правна ситуација. Потоа тој може да биде ослободен и да го преземе градноначалничкиот мандат или да биде осуден и тогаш, врз основа на пресудата, да биде ослободен по заповед на обласниот управител. Во последниов случај се организираат предвремени избори. Постои и можноста тој да одбие да положи заклетва, што ќе се смета за негова оставка, и тоа исто води до предвремени избори.

-Законот вели дека стариот мандат на Керекеш завршува со датумот на полагање заклетва од новиот градоначалник. Обласниот управител го утврдува Општинскиот совет, а на првото заседание или на следното се избираат заменик-градоначалниците. Преку гласање се избира еден од двајцата заменик-градоначалници кои ќе ја извршуваат функцијата на привремен градоначалник, затоа што Керекеш е времено отстранет по стариот мандат. Тој засега останува отстранет по стариот мандат, затоа што новиот не стапил на функцијата пред полагање на заклетва. За тоа нема рок и може да продолжи се додека не заврши неговата судско-правна ситуација, подвлече обласниот управник.

Ако тој сепак положи заклетва и биде устоличен како градоначалник, обласниот управител повторно ќе издаде заповед за негово привремено отстранување со мотив дека се наоѓа во затвор, и повторно заменик-градоначалникот ја презема функцијата на привремен градоначалник.
Друга можност е по истекувањето на 30-дневниот притвор, кој ќе заврши на 26 јуни, Керекеш да биде ослободен и да може да ја преземе градоначалничкиот мандат. Дури и така нештата може да се променат се додека се искаже пресудата, ако таа е лишување од слобода.
Каталин Керекеш е осуден со мерка привремен притвор заради земање поткуп во подолг временски период, откако антикорупциските обвинители го фатија на местото на злосторството во момент кога тој земал поткуп од 30.000 леи. Според обвинителниот акт, тој побарал и добил од лице од раководството на фудбалскиот клуб Баја Маре сума од 70.000 леи, за да обезбеди финансиска поддршка за клубот од страна на Општинскиот совет.

Тој бил под истрага и за друго дело, кое е поврзано со женскиот одбор за ракомет. Каталин Керекеш е кандидат на Коалицијата за Беја Маре, во која влегуваат Националниот сојуз за прогрес на Романија, каде тој е меѓу основачите, Националноселската христијанска и демократска партија и Национал-демократската партија.

Волча: осуден градоначалник

Мирча Гутау (од Романската еколошка партија) доби најмногу гласови во Ремнику Волча (скоро 45 проценти, паралелното пребројување на партиите). Осуден е за корупција во 2010, и во 2014 година Гутау по трет пат победи на локалните избори.

Гутау беше градоначалник на Ремнику Волча помеѓу 2004 и 2008 година, а во 2008 беше избран во првиот круг за својот втор градоначалнички мандат со 72 проценти од глсовите. Но во 2010 година беше конечно осуден за корупција. Тој беше ослободен условно во септември 2011 година, откако одлежа скоро година и осум месеци од казната од три и пол години.

Во јуни 2014, Гутуа беше осуден од Апелацискиот суд во Крајова по втор пат за дело за корупција на две годии и шест месеци ефективно, нпо судиите ги споија пресудите и тој остана на слобода. Всушност, беше задолжен да врати во локалниот буџет 400.000 леи. Гутау имаше забрана да се кандидира за јавна должност за перод од две години, кои истекоа на почетокот на 2016 година. Мирча Гутау вели дека никогаш не земал поткуп и смета дека бил неправедно осуден заради што поднел тужба против романската држава во Европскиот суд за човекови права, од каде очекува одговор.

Букурешт: Криминални истраги во престолнината

За букурешкиот електорат во третиот реон на Букурешт немало никакво значење што социјалдемократот Роберт Негоица е иследуван од Националната дирекција за борба против корупцијата (НДБК) заради приккривање даноци во подолг период. Според посчедните информации, Роберт Негоица го добил градоначалничкиот мандат во третиот реон со 60 проценти од гласовите. Како управител на фирма, Роберт Негоица изградил три станбени комплекси и продал како физичко лице 1250 станови без да пријави и плати ДДВ во висина од 77,15 милиони леи.

Друг социјалдемократ, скаран со законот, е Габриел Муту, кој првпат победил за градоначалнички мандат на шестиот реон на изборите во неделата. Муту е иследуван од Дирекцијата за следење на организираниот криминал и тероризам од октомври 2014 година, за дело кое се раскринкува дејноста на организирана криминална група, специјализирана за прикривање даноци и перење пари. И покрај сето тоа, над 35 проценти од жителите на шестиот реон, кои излегоа да гласаат, го поддржаа кандидатот на Социјалдемократската партија (СДП).
Долж: Олгуца Василеску, осомничена заради корупција

Лиа Олгуца Василеску (од СДП) доби нов мандат во оштината на Крајова со 60,9 проценти од гласовите. На 20 март 2016 година, таа беше задржана од обвинителите на НДБК заради корупција, а следниот ден беше ставена во домашен притвор. Веднаш откаоко таа мерка беше отфрлена, таа ја објави својата кандидиатура за нов мандат, а во моментов таа е под истрага додека е на слобода. Обвинителите од НДБК востановиле дека во 2012 година, за време на предизборна ампања, неколку бизнисмени и понудиле на Лиа Олгуца Василеску, лично или преку луѓе во нејзиниот тим, да ја спонзорираат на разни начини. За да ги добие тие средства, обвинетата „го искористила своето влијание врз бизнисмените како заменик-претседател на окружната организација на политичка партија“.

Брашов: Скрипкару и НДБК

Ѓорѓе Скрипкару (независен кандидат поддржан од Национално-либералната партија) доби четврти градоначалнички мандат во Брашов. Освои 51,23 проценти од гласовите. Скриптару беше изведен пред суд од НДБК за земање поткуп и злоупотреба на својата службена позиција. Градоначалникот на Брашов е обвинет дека фаворизирал приватна фирма за греење и направил незаконски договор за 6,1 милиони леи. Тоа беше на штета на државни фирми кои дојдоа до банкрот. Во делото има уште 12 обвиненија. Според обвинителниот акт, Ѓорѓе Скрипкару добил поткуп од 400,000 леи, кои се состои од предизборни материјали за локалните избори во 2012 година.

Јаломица

Големиот победник на локалните избори во Узричен, Константин Сава (од Национално-либералната партија – НЛП) е осоминчен за криминално дело од страна на НДБК. Во моментов е под судска контрола затоа што обвинителите му забранија да ја врши функцијата градоначалник. Неговите судски проблеми започнаа во летото 2015 година, кога обвинителите од Судот во Јаломица го задржаа 24 часа. Тој беше обвинет заради сомнеж за злоупотреба на службената должност. Во 2012 беше избран од листата на НЛП. Во февруари 2016, истражните органи им го префрлија случајот на НДБК. Месец дена подоцна обвинителите од НДБК побараа продолжена 60 дневна мерка претпазливост и притвор.Истовремено со тоа НДБК реши да му забрани на градоначалникот на Урзичен да ја врши должноста градоначалник, затоа што може да врши притисок врз службениците во општината кои биле сведоци на делото. Мерката судска контрола против кметот истекува неделава, а според извори од НДБК постојат шанси таа да биде продолжена.

Муреш

По крајот на паралелното пребројување на гласовите, Дорин Флорја ја освои должноста градоначелник на Тиргу Муреш. Тој освои петти мандат со мала разлика спрема неговиот главен сопреник, Золтан Шош.

Освен од НЛП, независниот кандидат Дорин Флорја беше поддржан и од неколку други партии. Тој беше изведен пред суд во декември 2015 година, по дело за финансирање на фудбалскиот клуб на Тиргу Муреш од локалнот буџет, со што градот бил оштетен за сума од 7,053,000 леи. Дорин Флорја е обвинет за злоупотреба на службената позиција.
Според друго дело Флорја е криминално осомничен за земање поткуп. Обвинителите го објавија случајот истиот ден кога тој ја обзнани својата кандидатура. Според истото дело осомничени се и неговиот син заради соучесништво во земање на поткуп и перење пари, како и бизнисменот Мирча Николае Мусгочу – за давање поткуп и перење пари.

Олт

Ливиу Думитру Војкулеску, осуден за создавање на здружена криминална група, победи за градоначалник на Кунгрја, станувајќе еден од 12-те градоначалници на НЛП во округот Олт. Ливиу Војкулеску работел како полицаец во Службата за следење на измами (ЦЦИ), при полицијата во Олт, а во декември 2012 бил одведен со наредба на распит заедно со други полицајци и службеници во финансии. Членовите на групата се обвинети за рекетирање, прикривање на даноци, злоупотреба на службената должност, и тн. Војкулески, кој бил главен полициски инспектор во она време, заедно со други колеги и под „координација“ на шефот на ЦЦИ, се смета од обвинителството за за шеф на криминална група која уценувала различни бизнисмени, принудувајќи ги на тој начин да склучат договор со фирмата за безбедност на сопругата на шефот на ЦЦИ. Обвинетите незаконски следеле службеници на држвни институции, кои одбивале да прикриваат ДДВ, но и по молби од други фирми кои биле протежирани од членови на групата. освен тоа, групата распоредила на територијата на земјата еднорачни машини за коцкање, со менување на оригиналните електронски кола и така заработувале огромни приходи.

Хунедоара

Мирча Мунтјан станал градоначалник на Дева според првите неофицијални информации од пребројувањето на партиите. Мирча Мунтјан е осуден и против него во моментов се води уште едно казнено дело, но е популарна личност во Дева, и така го освои петтиот мандат. Мунтјан се кандидираше за градоначалник на дева откако 16 години раководеше со локалната администрација до 2012 година. Во периодот пред да стане градоначалник на Дева, но и откако стана пратеник. Мунтјан имаше проблеми со законот. Во 2013 година беше осуден за злоупотреба на службената позиција и доби четири години условно. Врховниот суд донесе одлука тој и наследниците на Јосиф Ман да покријат штети од над 330,000 долари, плус каматите. Во мај 205 година, Мирча Мунтјан пак беше изнесен пред суд, бидејќи беше обвинет дека на 30 октомври 2014 година возел во пијана состојба и во Дева предизвикал лесен сообраќаен инцидент при што настрадале неколку автомобили. Се очекува Врховниот апелациски суд да објави пресуда по тоа дело.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски