Чешката полиција покренала кривична пријава против Јурај Хмиел, поранешниот министер за европски прашања.
Хмиел беше дел од техничката Влада во 2009-2010 година на премиерот Јан Фишер и е осомничен за проневера на 60.000 евра со склучување штетни договори.
Делото го извршил пред да стане министер, кога ја извршувал функцијата амбасадор на Чешка во Австралија.
Од јуни 2010 до декември минатата година беше заменик-министер за земјоделство надлежен за политиката на ЕУ во областа на земјоделството и рибарството.