Основниот суд Скопје 2 со зголемена ажурност и ефикасност

Од:

Основниот суд Скопје 2 Скопје првото шестмесечно полугодие од 2014 година го заврши со зголемена ажурност и ефикасност и од вкупно 58.329 предмети решени се 40.604, а заклучно со 1 јули нерешени останале 17.725 предмети.

За споредба во првото шестмесечно полугодие од 2013 година, во Основниот суд Скопје 2 вкупно во работа имало 58.418 предмети. Од нив решени се 20.371 предмети, а заклучно со 1 јули 2013 година, останале вкупно 38.047 нерешени предмети.

Тоа, според Судот, покажува дека годинава се решени 20.233 предмети повеќе од истиот период од минатата година поради зголемената ажурност и ефикасност на судиите.

– Компаративно со заостатокот од 38.047 нерешени предмети од првото шестмесечно полугодие во 2013 година, оваа година заклучно со 1 јули, вкупниот заостаток на нерешени предмети изнесува 17.725 предмети, од што произлегува дека Основниот суд Скопје 2 Скопје го совладал приливот на предмети, а заостатокот на нерешени предмети го намалил за 20.332 предмети, велат од Судот.

Би можело да ве интересира

Судот нареди итна забрана за контролата на Маск врз американските платежни системи

Горан Наумовски

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото