Осми ден антивладини протести во Букурешт

Од:

Неколку десетици лица и денеска, осми ден по ред, се собраа на Плоштадот на победата во Букурешт на протести против романската Влада. Други неколку десетици, трет ден по ред, се собраа пред претседателската палата Котрочени на протести против шефот на државата, Клаус Јоханис, јави агенцијата Аџерпрес.

Пред зградата на Владата синоќа протестираа приближно 15.000 лица, а пред претседателската плата приближно 3.000, посочи агенцијата, повикувајќи се на неименувани извори.

Демонстрантите на Плоштадот на победата креваа врева со барабани, вувузели и свирчиња, како и со скандирања против Владата, при што имаа развиорени знамиња на Романија, САД и ЕУ. Дел од нив носеа транспаренти со антивладини пораки и против владејачката Социјалдемократска партија (СДП).

Пред претседателската палата Котрочени присутните ја демонстрираа поддршката за СДП и владата на Сорин Гриндеану, скандирајќи пароли против претседателот Клаус Јоханис.

Би можело да ве интересира

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Силен земјотрес во Романија

Земјотрес ја погоди Романија