Ослободените набљудувачи на ОБСЕ пристигнаа во Доњецк

Од:

Со посредништво на Владимир Лукин, специјалниот пратеник на рускиот претседател, набљудувачите на ОБСЕ, кои беа ослободени во Славјанск, пристигнаа во Доњецк пренесе ИТАР-ТАСС.

-Сите пристигнаа во Доњецк и добро ссе чувствуваат. Им благодарим на претставниците на Советот на Европа за укажаната помош, изјави соработник на Лукин.

Тој додаде дека специјалниот пратеник на претседателот Владимир Путин нема други задачи освен ослободување на набљудувачите.

Претходно беше соопштено дека ослободените набљудувачи не можат да го минат контролниот пункт заради локални борби.

Швајцарскиот претседател Дидие Буркхалтер, кој е претседател на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, им заблагодари на сите страни, кои учествуваа во ослободувањето на седуммината заробени воени набљудувачи на ОБСЕ во Славјанск.

Во исто време Буркхалтер изрази стравување дека „ситуацијата во источниот и јужниот дел на Украина може драстично да се влоши“.

-Неопходно е да се преземат заеднички напори за прекин на ескалацијата на конфликтот и за барање пат за почнување дијалог, забележа тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иран објави видео: Вака удривме на Израел

Иран му се обрати на Вашингтон: Пораката е јасна и не е добра

Руската армија го зазеде Угледар во самопрогласената ДНР

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

(ВИДЕО) Огромна експлозија во Вовчанск: Русите ја фрлија најмоќната бомба

ВИДЕО: Хезболах ја „проби“ железната купола во близина на Тел Авив: Цел биле штабовите на Мосад