Ослободениот ирански дипломат се врати од Јемен

Од:

Иранскиот дипломат Нур Ахмад Никбахт, кој бешее киднапиран во Јемен во 2013 година е ослободен и се врати денеска во Техеран, јавија иранските државни медиуми.

Никбахт, кој беше киднапиран од непознати напаѓачи во главниот град на Јемен, Сана во јули 2013 година, пристигна на техеранскиот аеродром Мехрабад.

– Специјалениот тим на Министерството за разузнавачки служби успеа да го ослободи Никбахт од терористите по серија комплексни и тешки операции, спроведени во одреден дел од Јемен, изјави иранскиот заменик-министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан.

Никбахт е втор високорангиран заложник, кој е ослободен во Јемен во текот на оваа недела.

Дипломат на Саудиска Арабија, кој во 2012 година беше киднапиран од припадниците на терористичката мрежа Ал Каеда, беше ослободен во понеделникот.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он