Ослободени уште 10 нигериски ученици по платен откуп, киднаперите држат уште деца

Од:

Киднаперите на северот од Нигерија ослободија уште десет ученици откако за нив бил платен откуп, но задржани се уште 21 ученик и покрај ветувањата дека сите ќе бидат ослободени, соопштија денеска официјалните лица.

Киднаперите ги зеле парите пред три дена, изјави Џон Хаџаб, претседател на локалното христијанско здружение, што ги застапува родителите.

Напаѓачите на 5 јули упаднаа во Бетелската баптистичка гимназија и притоа киднапираа најмалку 120 ученици од нивните хостели. Оттогаш тие учениците ги ослободуваат во групи, а последното ослободување беше на 27 август.

-Овие разбојници не измачуваат и емоционално, и психолошки, и физички, и финансиски. Не ставаат под голем притисок. Пуштаат студенти на лажичка и кога пуштаат одредена бројка деца тоа е затоа што сакаат да побараат повеќе пари, изјави Хаџаб.

Тој додаде дека се надева дека наскоро ќе бидат ослободени и преостанатите 21 ученик.

Во Нигерија во текот на минатата година беа киднапирани од нивните училишта околу 1.400 деца, а околу 200 се уште не се ослободени.

Во нападите загинаа и 16 деца, наведе претставникот на УНИЦЕФ во Нигерија.

Додека се подготвува да ги отвори училиштата низ Нигерија, УНИЦЕФ, исто така, соопшти дека најмалку милион деца се плашат да се вратат во училниците бидејќи не се чувствуваат безбедно.

Ова дополнително ја заострува образовната криза во Нигерија, каде повеќе од 10 милиони деца веќе немаат настава.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он