Меѓународниот комитет на Црвениот крст синоќа објави дека петмината авганистански службеници на организацијата, киднапирани минатата недела во западната авганистанска провинција Херат, се ослободени неповредени.
– Нашите петмина колеги се слободни, изјави Моника Џанарели, шеф на делегацијата на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Кабул, додавајќи дека тие се во добра здравствена состојба и со своите семејства.
Петмината службеници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст беа киднапирани од локална вооружена група на 14 август.