Властите во северозападниот дел на Нигерија соопштија дека ослободиле повеќе од 100 жени и деца, главно мајки со доенчиња, кои биле киднапирани од разбојници.
Групата била киднапирана на 8 јуни во државата Замфара. За време на инцидентот загинале четири лица.
Властите во Замфара соопштија дека групата е ослободена без плаќање откуп и не дадоа дополнителни детали за спасувачката операција.
Бројни киднапирања се случија во регионот во последните неколку месеци.
Од декември 2020 година, повеќе од 1.000 луѓе се киднапирани во Нигерија. Повеќето се ослободени откако платиле откуп, но некои се убиени.