Холандските власти ноќеска ги ослободиле двете лица кои биле приведени заради закана за безбедноста на аеродромот во Амстердам „Схипхол“, пренесе ТАСС.
Третото лице, приведено, исто така, на аеродормот во текот на изминатата ноќ, останува во притвор, но детали за него засега не се кажуваат.
Според податоци на органите на прогонот, уапсениот бил приведен по сигнализација од граѓани, според кои тој чудно се однесувал, па заради тоа тие и се обратиле во полицијата.
Од безбедносни причини аеродромот неколку часа беше делумно евакуиран и тоа доведе до собирање на поголема група луѓе. На аеродромот биле повикани и експерти за деактивирање експлозиви со роботи-деминери. Во багажот на сомнителниот маж не било најдено ништо сомнително, меѓутоа, тој и покрај тоа останува во притвор.
Синоќа биле приведени и уште две момчиња. По проверката на нивниот багаж тие биле ослободени.
Претставници на аеродромските власти информираат дека сега аеродромот во Амстердам работи под нормален режим.