Ослободени бранителите од Азовстал

Од:

Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, денеска потврди дека Украина разменила 36 воени заробеници со Русија, вклучително и бранителите на фабриката за челик Азовстал во Мариупол, кои со месеци се спротивставуваа на нападите на руски сили.

Бранителите на Азовстал беа во руско заробеништво од падот на Мариупол.

„Денеска вративме 36 наши граѓани од руско заробеништво. Еден цивил и 35 војници. Меѓу нив има бранители на Мариупол и Азовстал, исто како и припадниците на националната гарда кои беа заробени во близина на нуклеарната централа Чернобил на почетокот на војната“ објави Јермак со фотографија од ослободените војници .

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск