Ослободен за палење на амбасадата на САД, осуден на година дена за кражба на јакна

Од:

Милан Живановиќ денеска пред Вишиот суд во Белград е ослободен од тужбата за учество во палењето на зградата на амбасадата на САД во Белград на 21 фебруар 2008 година, кога во пожарот загина Зоран Вујовиќ од Нови Сад. Живановиќ е осуден на една година затвор за кражба на јакна и ракавица од службеник на амбасадата.

Судот наведе дека немало докази Живановиќ да се осуди за предизвикување на општа опасност со смртни последици. Судијата наведе дека олеснителна околност е што Живановиќ не бил осудуван порано, како и тоа што таа вечер бил со “намалена пресметливост”. Како отежителна околност за оптужениот е нарушениот углед на Србија. Сепак на Живановиќ му е досудена најблагата казна.

Тужбата против Живановиќ е покрената на 13 април 2009 година, а судењето започна на 4 ноември истата. Во фебруари 2011 судењето е почнато од почеток поради смена на судијата. Живановиќ се терети и дека го симнал американското знаме од зградата и дека го поставил српското.

Тој ја негираше кривицата и наведе дека не предизвикал пожар ниту во себе имал запалливи средства кога влегол во амбасадата и додаде дека тогаш бил под дејство на алкохол.
Иницијативата на младите за човековите права соопшти дека судењето трае скоро три години,што не е во склад со стандардите на правичното судење.

„Ова е уште еден пример од предолгите судски процеси, како што се судењата за палење на Бајракли џамијата и бројните случаи на насилство, дискриминација и говор на омраза”, се наведува во соопштението на иницијатива.

Обвинителството на 10 јуни покрена обвинение за палење на амбасадата на САД и против Дејан Вучковиќ, Ѓорѓе Томин, Никола Косановиќ, Душан Седлар, Александар Ерцег, Филип Бацковиќ, Драган Маринков, Младен Небригиќ. Марко Новитовиќ, Драженко Николиќ, Милан Дубошанин и Милан Томас.

Да подсетиме, на 21 фебруари 2008.пред Домот на народното собрание е одржан митинг “Косово е Србија”, а после него и молебен за Косово во и пред Храмот на свети Сава. После собирот дојде до немири во Белград.

Руинирани се згради на дипломатски представништва, експозитури на странски банки, продавници, објекти на Мекдоналдс, искршени излози, семафори жардињери и ограбени продавници. Таа ноќ се приведени 192 лица. Имаше и повеќемина повредени, а Зоран Вујовиќ го загуби животот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски