Ослободен поранешниот началник на Генералштабот на турската армија Исмаил Хаќја Карадај

Од:

Поранешниот началник на Генералштабот на турската армија генерал Исмаил Хаќја Карадај е ослободен, откако вчера беше приведен на неколку часа во рамки на истрагата на последната интервенција на армијата во 1997 година, соопшти турскиот весник на англиски јазик „Хуриет дејли њуз“.

Судот, меѓутоа, на Карадај му наметна забрана да патува во странство. Тој ќе треба секоја недела да се јавува во полицијата.

Генерал Карадај, началник на Генералштабот на армијата за време на интервенцијата која стана позната како „постмодерниот преврат“, беше приведен вчера во Истанбул, по што беше однесен во Анкара, каде даде изјава пред обвинител.

Во рамки на истрагата досега биле приведени 90 лица, а 60 од нив се оставени во притвор. Еден од нив е заменик началникот на Генералштабот од тоа време, генерал Чевик Бир, кој пред обвинителите директно го обивни генералот Карадај дека е „вистински одговорен“ за настаните од 28 февруари 1997 година, кога војската ја принуди исламистичката влада на Неџметин Ербакан да поднесе оставка.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија