Ослободен Британец, кој бил киднапиран пред пет месеци во Јемен

Од:

Британскиот учител, киднапиран во Јемен, ослободен е по пет месеци заробеништво, соопштио синоќа британската Влада.

Учителот Мајк Харви беше киднапиран во главниот град на Јемен, Сана на 12 февруари, откако излегол од една образовна институција.

Портпаролот на британското Министерство за надворешни работи изјави дека Харви е во Амбасадата на Велика Британија во Јемен и оти набрзо ќе биде со своето семејство.

Јеменските безбедносни служби и племенските лидери соопштија дека Харви е ослободен откако за него било платено откуп. Други племенски лидери изјавија дека тој бил киднапиран од екстремисти поврзани со Ал Каеда.

Би можело да ве интересира

Ал Хути: Хутите во Јемен ќе преземат воена акција доколку САД и Израел ја нападнат Газа

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки