Оскар Писториус ослободен од обвинението за убиството на својата девојка!

Од:

Јужноафриканскиот олимпиец и параолимпиец Оскар Писториус денеска беше ослободен од обвинението за убиство на неговата девојка Рива Стинкамп.

Тој седеше цимолејќи на обвинителната клупа додека судијата му ја пренесе одлуката дека е невин за обвинението убиство со предумисла.

Писториус беше обвинет дека намерно ја застрелал својата 30-годишна девојка, додека имале жестока расправа во нивниот дом во Преторија за време на св. Валентин минатата година.

Но според неговите зборови, Рива ја застрелал во самоодбрана мислејќи дека се работи за натрапник.

При читањето на одлуката, судијата напомена дека 27-годишниот Писториус бил многу лош сведок но сепак тоа не значело дека е виновен за убиство со предумисла, бидејќи целиот случај се темелел на индиректни докази.

“Државата не утврди дека постои основан сомнеж дека обвинетиот намерно го извршил убиството“, изјави судијката Масипа пред Врховниот суд во Преторија.

Оваа судска одлука секако ќе му биде огромно олеснување на Писториус, кому му се закануваше казна затвор од 25 години во случај да се докажеше убиство со предумисла.

Би можело да ве интересира

Писториус: Германија како најголема НАТО земја во Европа ја поддржува Украина

Писториус: Турција стана важен актер во Сирија

Писториус: Ситуацијата во Сирија ги покажува ризиците со кои се соочуваат руските партнери

Оскар Писториус излегува на слобода

Катерина Ѓуровски

Писториус префрлен во друг затвор

Ана Ололовска

Можно условно ослободување за Оскар Писториус

Ана Ололовска