Оружен инцидент во Флорида: Еден убиен, а друг е ранет

Од:

Едно лице загина, а друго е рането во пукање пред средно училиште во американската сојузна држава Флорида, за време на натпревар во американски фудбал.

На крајот од натпреварот во средното училиште Орландо Џонс во саботата вечерта, вооружен маж испукал неколку истрели на паркингот за време на расправија меѓу две групи, изјави началникот на локалната полиција Ерик Смит, пренесуваат медиумите.

Весникот „Орландо Сентинел“ објави дека по пукањето играчите и гледачите избегале на спротивната страна од стадионот.

Полицијата пристигнала на паркингот и пронашла едно лице мртво, а друг пак сам и се предал на полицијата, додаде Смит.

Уапсени се четворица малолетници, а кај едниот е пронајден пиштол.

Би можело да ве интересира

Осум осомничени за престрелката и убиството во Чаир

Инцидент во Германија: Tинејџер со пиштол пукал во поранешна девојка

Горан Наумовски

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

Државјанка на БиХ e убиена во масовно пукање во Шведска, нејзин сонародник е тешко ранет

Горан Наумовски

Млад маж од Босна и Херцеговина e ранет во пукањето во училиштето во Шведска

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Брисел: Маскирани напаѓачи пукаат кон цивили

Горан Наумовски