Турскиот писател и нобеловец Орхан Памук го спореди превратот во Египет со делото на писателот Габриел Гарсија Маркес, „Хроника на една најавена смрт“, објави турскиот весник на англиски јазик „Хуриет дејли њуз“.
– Тој, командантот на египетската армија генерал Абдел Фатех ас Сиси, му објави на светот дека ќе изврши преврат два дена пред армијата да преземе контрола врз власта. Целиот свет, особено Западот, се сврте настрана и не сакаше да чуе ништо, изјави Памук во интервју за германскиот весник „Зидојче цајтунг“.
Памук нагласи дека западните сили ги измениле сопствените вредности во однос на превратот во Египет.
Според него, египетската армија го убива сопствениот народ, додека Западот се однесува како да нема никакви одговорности во Египет.