Организаторот на убиството на Сулејмани меѓу жртвите на соборениот авион во Авганистан

Од:

Високиот офицер на американската ЦИА, Мајкл Д’Андреа, за кого се смета дека го организирал убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани, наводно загинал во Авганистан, објавија денеска иранските медиуми.

Според медиумите, Д’Андреа, кој е познат по прекарот „Ајатолах Мајк“, се наоѓал во американскиот авион што вчера беше соборен од талибанците, објави британскиот весник „Дејли стар“.

За него се наведува и дека ја организирал потрагата по лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен.

Меѓутоа, ваквите тврдења засега никој од американските официјални претставници не ги потврдил.

Д’Андреа се приклучил на ЦИА во 1979 година, а го добил прекарот „Ајатолах Мајк“ поради своите операции во Иран, Ирак и Авганистан.

Се смета дека бил задолжен за антитерористички операции, апсења, дури и за програми за тортура, а весникот „Њујорк тајмс“ во 2017 година објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го именувала за операциите во Иран.

Во авганистанската провинција Газни вчера се урна американски авион, за кој талибанците презедоа одговорност дека го собориле, а во него се наоѓале 83 припадници на американската војска.

Би можело да ве интересира

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

Шефот на ЦИА: Западот не треба да се плаши од руските закани за нуклеарна ескалација

Горан Наумовски

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

ЦИА: Украина има намера да задржи дел од освоената руска територија на некое време

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

ВИДЕО: Шефот на ЦИА се сретна со Кури во Приштина