Орбан: Злосторство е Унгарија да се откаже од својот став да остане надвор од војната во Украина

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Унгарија три години се бори да остане надвор од војната и дека напуштањето на таа позиција „сега кога Американците конечно“ ја делат позицијата на Будимпешта би било еднакво на злосторство.

„Три години се бориме против меѓународни напади за да не бидеме вовлечени во војна“, рече Орбан на форумот за економска политика организиран од Унгарската стопанска комора (МЦМС), пренесе МТИ.

Тој посочи дека Унгарија не испраќала оружје или пари, освен за хуманитарни цели.

„Да се ​​откажеме од тоа во последен момент, без оглед на притисокот, би било грешка“, додаде тој.

Орбан рече дека унгарската економија изгубила 20 милијарди евра од почетокот на војната во Украина пред три години.

Би можело да ве интересира

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир

Русија: Нема да се согласиме на примирје, без да знаеме што следи потоа

Маѓар: Приведен e братот на Виктор Орбан, осомничен е за трговија со луѓе

Горан Наумовски

Украина разви модем за дронови, повеќе нема да зависи од „Старлинк“

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Зеленски бара јасни безбедносни гаранции: Кој и како ќе реагира ако Русија повторно ја нападне Украина?