Орбан: Унгарија е подготвена да учествува во меѓународна воена операција во Сирија

Од:

Унгарија е подготвена да учествува во меѓународна воена операција во Сирија, ако биде разработена разумна стратегија, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за денешниот број на весникот „Фигаро“.

– Ако меѓународната заедница изработи разумна стратегија, ние сме подготвени да учествуваме. Како од морални причини, така и од сопствен интерес, изјави унгарскиот премиер.

Орбан за францускиот весник нагласи дека во догледна иднина христијанското население на земјите во ЕУ нема да е во состојба демографски да се натпреварува со зголемената по бројност муслиманска заедница.

– Ми се допадна кога германската канцеларка Ангела Меркел пред година и половина изјави дека мултикултурата е мртва. Заканата од тероризам е еден проблем, но од друга страна го има и предизвикот со интеграција на муслиманите, истакна тој.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Будимпешта не сака огромно количество оружје во своето соседство

Орбан: Унгарија од самиот почеток беше на страната на мирот

Унгарија е против нова испорака на оружје за Украина

Сијарто: Новите санкции на ЕУ против Русија носат отстапки за Унгарија

Орбан: Торнадото на Трамп го промени светот, десницата е иднината

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија