Орбан се огласи за проширување на ЕУ со Македонија и Србија

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се огласи денеска за проширување на Европската унија, специјално со прием на Македонија и Србија, бидејќи тоа според него ќе и даде нова енергија на Унијата.

Во интервју за германскиот недленик „Виртшафтвохе“ Орбан направи оценка дека европската политика има проблем со временскиот хоризонт и оти се ќе прави краткорочно, согласно сегашната криза.

– Нема енергија за историската перспектива. Затоа денес сите се против проширувањето, освен некои централноевропски држави. Јас сум за проширување, пред се со приемот на Македонија и Србија, рече Орбан.

Според унгарскиот премиер не е можно Грција да биде членка на ЕУ, а на север од неа да има држави, кои не се членки на Унијата.

– Во Европа не може да има бели дамки. Мигрантската криза тоа го покажа како сосема јасно. Доколку спроведеме вистинско проширување, тоа ќе донесе дополнителна енергија, додаде Орбан.

Би можело да ве интересира

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он