Орбан пречка за амбициите на Киев : Украина не е подготвена за преговори со ЕУ

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повтори дека не го поддржува почетокот на преговорите за членство на Украина во ЕУ.

Така, тој сигнализираше дека Будимпешта може да претставува пречка за амбициите на Киев да се приклучи на блокот.

Во средата, Европската комисија препорача почеток на преговорите со Украина, а лидерите на ЕУ треба да одлучат за официјалната покана за Киев во декември. За ваква одлука потребна е едногласна поддршка од членките на Унијата.

Унгарија, како што посочи Орбан, не се согласува со тоа.

„Украина на никаков начин не е подготвена за преговори за пристапување во Европската унија. Ставот на Унгарија е јасен, а тоа е дека преговорите не треба да започнат“, рече Орбан, пренесува АП.

Владата на Орбан одби да испрати оружје во Украина за војната против Русија и се закани дека ќе ја блокира финансиската помош на ЕУ за Киев.

Тој, исто така, ја обвинува Украина за кршење на правата на унгарското малцинство во Украина бидејќи ги ограничува нејзините членови да го користат мајчиниот јазик во училиштата.

Орбан негираше дека унгарското противење на пристапните преговори на Украина има некаква врска со тоа што Брисел го блокира финансирањето на Будимпешта поради наводно непочитување на стандардите за владеење на правото и човековите права.

Тој рече дека унгарската влада нема да прифати притисок од ЕУ да ја поддржи кандидатурата на Украина во замена за одмрзнување на фондовите на ЕУ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Германец осуден на смрт се појави на белоруската телевизија, во солзи го моли Шолц за помош

Предраг Петровиќ

Украина губи 2.000 војници дневно

Предраг Петровиќ

Приближно 32 отсто од Украинците се подготвени на територијални отстапки кон Русија за да се стави крај на војната

Руските сили ја презедоа контролата

Ако победи Трамп, финансискиот товар за помош на Украина ќе се промени на штета на ЕУ тврди Орбан

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се шири снимка: „Украинец во цивилна облека истрела крстаречка ракета кон Русите од рамо“