Орбан повторно и пика прст во око на ЕУ

Од:

ЕУ проценува дали новиот унгарски закон со кој се забранува „покажување и промовирање на хомосексуалноста“ на лица на возраст под 18 години го крши законодавството на Унијата.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Унијата е многу загрижена за новиот закон во Унгарија.

-Проверуваме дали станува збор за кршење на законодавството на ЕУ. Верувам во Европа што прифаќа различност, а не во таква што им ја крие на нашите деца, рече таа.

„Никој не смее да биде дискриминиран врз основа на сексуална ориентација“, додаде претседателката на ЕК на својот профил на Твитер, пренесуваат британските медиуми.

Дејвид Виг, директорот на Амнести Интернешнл во Унгарија, кој ги кофинансираше вчерашните демонстрации против овој закон, оцени дека со овој чин дополнително се маргинализира унгарската ЛГБТ заедница.

-Тоа што овој закон и дискурс го прават е мешање на злосторства врз децата со љубовта на возрасните, истакна Виг, пренесен од американските медиуми.

Владата на унгарскиот десничарски премиер Виктор Орбан, возвраќа дека законот, што вклучува воведување регистар на осудени педофили, е неопходен за заштита на децата.

Овој закон е само еден во низата што биле или се под лупата на ЕУ, а партијата на Орбан дури беше принудена да го напушти најголемиот партиски блок во Европскиот парламент.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта