Орбан ѝ порача на Урсула: Време е да си заминеш

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и порача на претседателката на Европската Комисија дека е време да си оди. Орбан објави слика од Урсула фон дер Лајен со натпис „Време е да си одиш“.

Европскиот парламент утре ќе разгледа и ќе гласа за предлогот за недоверба на Фон дер Лајен.

Иницијативата е поврзана со одлуката на Европскиот суд на правдата со која постапките на Европската Комисија беа нетранспарентни откако одби да им ја предаде на новинарите преписката меѓу фон дер Лајен и извршниот директор на Фајзер, компанијата од која ЕУ купи вакцини против коронавирусот за време на пандемијата.

Аналитичарите во Брисел се сомневаат дека ќе биде потребно мнозинство за да се гласа за отстранување на претседателот на Европската Комисија.

Би можело да ве интересира

Орбан предупреди: На Унгарија ѝ се заканува враќање во должничко ропство

Мaѓар: Будимпешта не поддржува забрзан прием на ниту една земја во ЕУ

Унгарија и по Орбан сака да одржува конструктивни односи со Русија

Маѓар: Унгарија сака мир, затоа ѝ се потребни силни вооружени сили

Се преврте полски автобус во Унгарија: 12 мртви, возачот е уапсен

Катерина Ѓуровски

Падот на производството во нуклеарната централа Пакш го загрозува форинтот