Орбан: Планот на ЕУ за забрзан прием на Украина е отворена објава на војна против Унгарија

Од:

Петточкестиот план на Европската Унија за забрзан прием на Украина е отворена објава на војна против Унгарија, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, коментирајќи го пишувањето на бриселскиот портал Политико за постоењето на таков план.

Орбан изјави дека Политико го објавил најновиот воен план на Брисел и Киев, кој, според него, е петточкестиот план на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Новиот план е отворена објава на војна против Унгарија. Тие се потсмеваат на одлуките на унгарскиот народ и сакаат по секоја цена да ја отстранат унгарската влада од патот. Тие сакаат да дојде Тиса, бидејќи тогаш нема да има повеќе вета, нема повеќе отпор, нема повеќе декларации. Сè уште можеме да ги запреме овој април. Фидес е сигурен избор за ова“, рече Орбан.

Би можело да ве интересира

Орбан по приведувањето на брат му: Ова е политички лов на вештерки – јас сум целта, тој е само пион

А1он

Маѓар: Приведен e братот на Виктор Орбан, осомничен е за трговија со луѓе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вучиќ го пречека Орбан во Белград: Ги изгубивме изборите, но не и достоинството и гордоста!

А1он

Туск ја исмеа можноста Орбан да стане генерален секретар на ОН: „Ова е апсурдно“

Орбан предупреди: На Унгарија ѝ се заканува враќање во должничко ропство

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он