Орбан: Од референдумот за квотите зависи суднината на Унгарија и ЕУ

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ги повика своите сограѓани да излезат масовно на утрешниот референдум за отфрлање на квотите што ги определи Европската комисија за пререспределба на мигрантите меѓу земјите членки на ЕУ, нагласувајќи дека тој е од судбинско значење не само за Унгарија, туку и за целата Унија.

– Утрешниот референдум треба да го привлече вниманието на целиот свет, Ние ќе решеваме за едно прашање кое е поврзано со судбината на Унгарија и на ЕУ, изјави Орбан во интервју за весникот „Маѓар Идок“.

Орбан натаму наглеси дека во политиката се случуваат грешки, но дека Унгарија не смее да си доволи грешка од ваков тип.

– Не смееме да ја ризикуваме иднината на Унагарија, Неконторлираната миграција претставува реална закана, потенцира Орбан, додавајќи дека „ако резултатот од референдумот биде убедлив, тогаш Унгарија ќе биде посилна“.

Европската комисија минатата година предложи план за пререспределба на мигрантите што се наоѓаат во Грција и Италија меѓу земјите членки на ЕУ според утврдени квоти. Главни противници на ваквиот предлог на Брисел, покрај Унгарија, се и Полска, Словачка и Чешка.

Би можело да ве интересира

Унгарија: Најмалку 20 училишта евакуирани по закани за поставени бомби

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он