Орбан: Нула толеранција за антисемитизмот

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави пред Светскиот еврејски конгрес дека владата има „нула толеранција“ кон антисемитизмот.

Во говор на сесија на Конгресот во Будимпешта, Орбан призна дека има тенденција на зголемување на антисемитизмот во Европа, па и во Унгарија и според него, тоа се должи на економската криза.

Тој нагласи дека антисемитизмот „е неприфатлив и не може да се толерира“. Претседателот на Светскиот еврејски конгрес Роналд Лаудер го повика Орбан да се соочи со „темните сили“ како крајнодесната партија Јобик чии политичари во парламентот даваат антисемитски изјави.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Новите санкции на ЕУ против Русија носат отстапки за Унгарија

Орбан: Торнадото на Трамп го промени светот, десницата е иднината

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија

Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Горан Наумовски

Унгарија: Најмалку 20 училишта евакуирани по закани за поставени бомби

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија