Орбан: Можно е ЕУ да прими од Турција половина милион сириски бегалци

Од:

Можно е Европската унија и турските лидери во оваа недела да објават задкулисна одлука за распределба на 400.000 до 500.000 сириски бегалци од Турција во ЕУ, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој вели дека очекува интензивен притисок за неговата држава да прифати дел од тие бегалци.

– Унгарија нема да може да го направи тоа, изјави Орбан.

Според него, такво барање веќе било предложено на неодамнешната средба на врвот на ЕУ во Малта, но не било вклучено во договорот од викендов меѓу ЕУ и Турција бидејќи подносителите не успеале да обезбедат доволно поддршка.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Будимпешта не сака огромно количество оружје во своето соседство

Орбан: Унгарија од самиот почеток беше на страната на мирот

Унгарија е против нова испорака на оружје за Украина

Сијарто: Новите санкции на ЕУ против Русија носат отстапки за Унгарија

Орбан: Торнадото на Трамп го промени светот, десницата е иднината

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија