Орбан: Можеби за многумина ова ќе звучи брутално, но Трамп е клучот за мирот

Од:

За време на неговиот престој во Берлин, унгарскиот премиер Виктор Орбан се залагаше за мировни преговори меѓу Русија и САД и го наведе поранешниот американски претседател Доналд Трамп како соодветен преговарач.

„Можеби ова за многумина ќе звучи брутално, но надежта за мир се нарекува Доналд Трамп“, рече Орбан на дискусијата на германскиот магазин Cicero за глобалната политичка ситуација. Орбан смета дека актуелниот американски претседател Џо Бајден поради неговите вербални напади врз рускиот претседател Владимир Путин не е соодветна личност за преговори на американската страна.

Унгарскиот претседател смета дека војната во Украина нема да биде прекината со преговори меѓу Русија и Украина, туку со Русија и САД.

„Кој верува дека на оваа војна може да се стави крај со руско-украинските преговори не живее во реалноста. Распределбата на моќта е на друго место“, заклучи Орбан.

Орбан, кој е во тридневна посета на Берлин за време на која се сретна со актуелниот канцелар Олаф Шолц, како и со поранешната канцеларка Ангела Меркел, ги пофали постапките на поранешниот канцелар по анексијата на Крим во 2014 година.

„Она што Ангела Меркел го направи во 2014 година за време на Кримската криза е ремек дело“, рече Орбан. Тој рече дека тогаш немало војна само благодарение на германските дипломатски напори, кои, како што рече, изостанале при рускиот напад на Украина оваа година.

„Во февруари немаше никој кој се обиде да ја спречи војната“, рече Орбан, кој смета дека Меркел би ја спречила војната во Украина. Унгарскиот премиер претходно жестоко ја критикуваше Меркел за нејзиниот однос кон бегалците.

Тој постојано ги критикуваше санкциите на Европската комисија против Русија. „Санкциите во оваа форма ќе не чинат пари“, рече Орбан.

Би можело да ве интересира

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Орбан: Во Унгарија има повеќе работа отколку квалификувана работна сила

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски