Австрискиот канцелар Вернер Фајман го обвини унгарскиот премиер Виктор Орбан дека нему и на германската канцеларка Ангела Мркел им давал лажни податоци за бегалците.
-Орбан, мене и на Меркел ни рече дека нема да има повеќе од 4000 бегалци. Уште од старт не му верував, објасни Фајман во интервјуто за австрискиот весник “Естерајх“ за тоа што унгарскиот премиер зборувал во петокот барајќи помош за бегалците.
Австрискиот канцелар г критикуваше односот на Унгарија кон бегалците.
-Сликите зборуваат повеќе од илјади зборови. Некој, кој сериозно тврди дека го решава проблемот со бегалците со бодликава жица, а потоа направи огромен хаос, политички се дисквалификува, рече тој.
Прашан за санкциите на ЕУ кон земјите членки кои не сакаат да учествуваат во решавањето на проблемот Фајман одговори дека “за сите држави важи-кој не помага да се реши проблемот со бегалците, мора да смета на финансиски последици“.
Тој побара и вонреден состанок на шефовите на држави и влади на ЕУ за проблемот со бегалците.
-Се борам заеднички да дојдеме до решение кое би содржело праведна квота за распределба на бегалците. Се залагам за брза вонредна седница на Советот на ЕУ. Најдобро би било да се одржи по состанокот на министрите за внатрешни работи, односно после 14 септември, рече Фајман.
Според неговите зборови, потребно е итно дејствување, обезбедување на надворешните граници на ЕУ, како и итен мандат на ЕУ за воспоставување мир во Сирија.
Тој кажа дека одлучувачки било прашањето дали Австрија ќе ги отвори границите за поминување на бегалците или рампите ќе ги држи спуштени.
-Австрија не остава луѓе во неволја “на цедило“ и беше важнио тоа да го направиме заедно со Германија, објасни Фајман.
Тој изрази благодарност за човечноста на германската канцеларка Ангела Меркел, додавајќи дека Германија и Австрија по прв пат покажале дека заеднички можат да ја решат бегалската криза.