Орбан: Фидес ќе ја напушти ЕПП пред суспензијата

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека неговата партија Фидес ќе ја напушти Европската народна партија (ЕПП) во Европскиот парламент, наместо да ја прифати суспензијата на партијата, која најверојатно ќе биде донесена во среда.

Според бриселски „Политико“, Орбан во писмото до претседателот на ЕПП, Манфред Вебер, изјавил дека Фидес ќе ја напушти групата доколку во среда бидат прифатени новите одредби.

Минатата недела, Вебер и другите лидери на партиите во ЕПП се согласија за нови правила за суспензија што ќе им овозможи да казнат цела партија-членка, а не само еден член.

Фидес веќе е суспендиран од членството од март 2019 година, но неговите членови сè уште учествуваат во работата на ЕПП во Европскиот парламент.

Унгарската министерка за семејство и потпретседателка на Фидес, Каталин Новак обвини некои членови на ЕПП за вклучување во „неприфатливи“ борби во време кога „Европа се бори да спаси животи“ и ги обвини лидерите на ЕПП за промена на правилата со цел „протерување“ на членовите на Фидес.

Потпретседателот на ЕП и член на ЕПП, Отмар Карас од Австрија изјави дека групата нема да се потчини на притисокот на Орбан и нема да му дозволи да ги „уценува“.

– ЕПП ќе продолжи со планираните измени на правилата, рече тој.

Доколку Фидес ја напушти ЕПП, таа ќе остане најголемата фракција во Европскиот парламент, а во моментов групата брои 187 од 705 европратеници.

Би можело да ве интересира

Орбан: Ќе се раздени ново утро на Западот откако Трамп ќе ја преземе власта

САД воведоа санкции за шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан

Горан Наумовски

Орбан: ЕУ ја загуби војната во Украина

Орбан до Зеленски: Прекин на огнот во Украина за време на Божиќ се уште важи, ваша е одговорноста

Зеленски имал сериозна кавга со Орбан

Сијарто: Украина силно одби дозвола за телефонски разговор меѓу Орбан и Зеленски