Орбан: Европските лидери не успеваат да ги решат проблемите на Европа

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги предупреди останатите лидери од ЕУ дека не успеваат да ги решат проблемите на ЕУ и дека постои ризик Велика Британија да биде сметана за победник заради излегувањето од заедницата.

Орбан предупреди дека Тереза Меј, британската премиерка, утре ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп и дека најверојатно ќе разговара за трговски договор помеѓу САД и Велика Британија, што кај некои членки на ЕУ може да доведе до сомневање во корисноста од членството во Унијата.

„Во опасност сме дека и други земји ќе го следат примерот на Велика Британија. Во иднина ќе биде искушение да се пратат Британците во излегувањето од Унијата, што може да резултира со подобра позиција отколку да се остане.“ рече Орбан.

Според унгарскиот премиер Европа треба да започне дијалог со Трамп за формирање на договори околу воени и економски прашања.

„Во спротивно останатите ќе не претркаат и ЕУ ќе остане назад.“ смета Орбан.

Во својот говор во Брисел тој напомена дека новото доба е на врата на ЕУ и дека мора брзо да се делува.

Според Орбан, Европа не успева да ги реши четирите големи проблеми – економскиот раст и конкурентност, демократија, безбедност и надворешна политика.

Би можело да ве интересира

Унгарија: Најмалку 20 училишта евакуирани по закани за поставени бомби

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски