Орбан бара унгарската армија да ја штити критичната енергетска инфраструктура

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан по седницата на Унгарскиот совет за одбрана објави дека наредил зголемена заштита на критичната енергетска инфраструктура поради, како што рече, политички мотивирана блокада на снабдувањето со нафта од Украина.

Орбан тврди дека Киев се подготвува за дополнителни акции насочени кон нарушување на работењето на унгарскиот енергетски систем.

Како што прецизираше, зголемената заштита вклучува распоредување војници и потребна опрема за одбивање на евентуални напади во близина на приоритетни енергетски објекти, додека полицијата ќе ги зголеми патролите околу одредени електрани, дистрибутивни станици и контролни центри.

Орбан, според унгарскиот весник „Маѓар Немзет“, потсети во видео порака објавена на социјалните мрежи дека од 27 јануари нафта не пристигнува во Унгарија преку нафтоводот „Дружба“.

„Податоците јасно покажуваат дека овој неоправдан преседан има политички причини и дека украинската влада врши притисок врз Унгарија и Словачка со блокирање на нафтата“, рече Орбан.

Унгарскиот премиер, исто така, изјави дека на седницата слушнал извештаи од службите за национална безбедност, врз основа на кои е заклучено дека Украина се подготвува за нови акции насочени кон нарушување на функционирањето на унгарскиот енергетски систем.

„Унгарија не може да биде уценувана!“, нагласи Орбан на крајот од своето обраќање.

Би можело да ве интересира

Падот на производството во нуклеарната централа Пакш го загрозува форинтот

Бака ја прифати номинацијата за претседател на Унгарија

Унгарски: Унгарија се соочува со пет најкритични денови

Можна енергетска криза во Унгарија поради падот на водостојот на Дунав и запирањето на работата на електраната „Пакш“

А1он

ВИДЕО: Аларм во Србија, Унгарија најави исклучување на нуклеарка поради екстремно ниското ниво на Дунав

Унгарија прогласи вонредна состојба поради сериозен недостиг на вода