Орбан бара поддршка пред затворањето на „зелената“ граница со Хрватска

Од:

Унгарската Влада не планира подигнување ограда на унгарско-словенечката граница, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, најавувајќи дека од земјите на „Вишеградската четворка“ ќе бара поддршка пред затворањето на „зелената“ граница со Хрватска, и дека членови на унгарската Влада ќе го посетат Загреб.

Орбан рече дека унгарската ограда на нејзината граница со Хрватска претставува „политичка дилема“, бидејќи Хрватска е членка на ЕУ, но не и на Шенген зоната.

Орбан рече дека Унгарија треба да воспостави патроли на границата со Хрватска, како што тоа го сторила на границата со Србија, за да гарантира „европска форма“ на преминување на границите.

Според Орбан, Будимпешта имала две можности – да отвори коридор за мигранти кон Австрија, како што препорачала Хрватска, но Австрија одбила со образложение дека така се крши меѓународното и правото на ЕУ, и да воспостави патролирање меѓу Унгарија и Хрватска, што Австрија прифатила.

Би можело да ве интересира

Орбан: Унгарија има добри шанси да постигне договор со Вашингтон

Горан Наумовски

Орбан: Злосторство е Унгарија да се откаже од својот став да остане надвор од војната во Украина

Горан Наумовски

Орбан: Дозволувањето на Украина да влезе во ЕУ на крајот ќе ја уништи европската економија

Орбан: Блиску сме до договор за економска соработка со САД

Орбан: После изборите во САД, јасно се гледа кој сака мир, а кој сака војна

Орбан: Европа одлучи дека војната мора да продолжи