Опозицискиот кандидат Нана Акуфо-Адо избран е за претседател на Гана, пренесува БТА.
Претседателот Џон Драмани Махама го призна поразот на изборите одржани во средата избори и му честиташе на својот противник за победата.
Малку подоцна Централната изборна комисија соопшти дека Акуфо-Адо освоил 53,8 проценти од гласовите наспроти 44,4 отсто за Махама.
Новоизбраниот претседател на Гана, на 72 години, се кандидира без успех претходните два пати. Актуелниот шеф на државата, на 58 години, ја презеде функцијата по ненадејната смрт на својот претходник Џон Ата Милс во 2012 година и ги претседателски избори во истата година.
Како заслуга на Махама се припишува подобрувањето на инфраструктурата во западноафриканската земја со население од 26 милиони луѓе. При неговото управување беа изградени училишта, болници и патишта.
Опозицијата и многу избирачи сепак сметаат дека Махама е одговорен за тешката енергетска криза, нискиот економски раст и високата невработеност.
Акуфо-Адо вети дека со новооткриената нафта во Гана нафта ќе создаде работни места и ќе ја стимулира индустријализацијата на земјата.
Западноафриканската држава е посочувана како пример за демократија на континентот. Изборите во Гана се мирни, откако земјата во 1992 година премина од воено управување кон демократија.