Опозиционерот Раул Хаџимба победи во првиот круг од претседателските избори во Абхазија

Од:

Опозицискиот лидер Раул Хаџимба победи во првиот круг од претседателските избори во Абхазија, покажуваат првичните податоци на Централната изборна комисија по обработените 100 проценти од гласачките ливчиња, соопшти ИТАР-ТАСС.

Хаџимба води со 50,57 проценти од гласовите, пред неговиот главен соперник Аслан Бжанија кој освои 35,91 проценти. Трет е Мираб Кишмарија со 6,4 проценти, а четврти остана Леонид Ѓапшба со 3,4 проценти.

Претходно штабовите на поразените кандидати соопштија дека на изборите биле дозволени прекршувања на процедурите, но „не и такви што ќе дадеа можност за оспорување на резултатите“.

Би можело да ве интересира

Бжанија: Останувам на функцијата избран претседател на Абхазија

Демонстрантите во Грузија упаднаа во парламентот, не сакаат да го напуштат

ВИДЕО: Демонстрантите го презедоа Собранието во Абхазија, претседателот избега

Предраг Петровиќ

Абхазија: Не планираме приклучување кон Русија

Ана Ололовска

Врховниот суд на Абхазија ги поништи претседателските избори

Ана Ололовска

Премиерот на Абхазија загина во сообраќајна несреќа

Наум Локоски