Опозиционерката Колесникова го скинала пасошот за да спречи депортација од Белорусија

Од:

Приведената белоруска опозиционерка Марија Колесникова спречила присилно протерување од земјата со кинење на нејзиниот пасош на границата со Украина и фрлање на парчињата од прозорецот на автомобилот.

Во понеделникот маскирани лица ја уапсија Колесникова во центарот на Минск и ја однесоа со комбе.

„Таа беше турната на задното седиште (од возилото), викајќи дека не оди никаде“, изјави нејзиниот соработник Антон Родненков. Родненков додаде дека тој и еден колега биле однесени до границата заедно со Колесникова и дека не знаат каде се наоѓа таа сега.

„Кога автомобилот стигна до контролниот пункт меѓу двете земји, Колесникова спречи нејзина депортација со кинење на нејзиниот пасош“, рече тој.

Француската агенција АФП ги пренесува зборовите на граничната полиција дека Колесникова била уапсена на границата, а на нејзините соработници им било дозволено да ја напуштат земјата.

„Колесникова е во притвор“, рече портпаролот на граничната полиција Антон Бијчковски. „Не можам да кажам точно зошто, но таа беше приведена“, изјавил тој за „Ројтерс“, додавајќи: „Таа беше приведена во врска со околностите под кои (групата) ја напушти територијата на Белорусија.

Колесникова е последната од трите жени што учествуваа во претседателската кампања, а се натпреварувaа против сегашниот шеф на државата Александар Лукашенко.

Другите две кандидатки, Светлана Тихановскаја и Вероника Чепкало, побегнаа од земјата.

Би можело да ве интересира

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Во Белорусија, први избори од 2020 година, лидерот на опозицијата е во егзил: Тоа е фарса, шоу, циркус

Горан Наумовски

Лукашенко сака патроли со огнено оружје на белоруските улици

Путин: Белорусија стана нуклеарна сила

Масовни рации во Белорусија: 159 луѓе „на мета“