Молдавската опозиција, составена од две проруски и две про-ЕУ партии, денеска побараа оставка од премиерот Павел Филип и одржување вонредни парламентарни избори.
Барањато на опозицијата доаѓа откако продолжија антивладните протести против новата молдавска влада, трета во рок од помалку од една година, на улиците на главниот град Кишењев.
Во исто време, во градот се одржуваат и контра-протести на поддржувачите на новиот владин кабинет.
Опозициските партии уредија камп од шатори на главниот плоштад, а симпатизерите на премиерот Филип, соопштија дека и тие ќе го продолжат со поддршката на владата, наистиот начин.
Новата влада беше прогласена во средата, од кога и траат масовните протсти на нејзините противници. Дел од демонстрантите навлегоаа во зградата на Парламентот, во намера да го освојат и да го спречат изгласувањето поддршка за владата, но полицијата ги истера демонстрантите.
Демонстрантите го обвинуваат новиот премиер дека е „премногу близок“ до Владимир Плахотниук, еден од најбогатите бизнисмени во земјата.
Премиерот Филип при промоцијата на владата најави забрзано приближување на оваа поранешна советска република, сега една од најнеразвиените земји во Европа, кон Европската унија.
Тоа не помогна за смирувањето на тензиите, па најновиот бран протести и барањата за смена на Филип и за нови исброи, само ја продлабочува молдавската криза.
Во 2014 година беше обелоденето дека од банкарскиот систем на земјата се исчезнати една милијарда долари.