Опозицијата и дел од ториевците поднесоа барање за дебата за Брегзит

Од:

Британските опозициски партии и конзервативците кои не се согласуваат со политиката на премиерот Борис Џонсон поднесоа барање за вонредна дебата во парламентот за излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Одлуката за нивното барање ќе биде донесена во текот на денот и доколку биде одобрено, дебатата ќе се одржи уште денеска.

Пратениците кои се спротиставуваат на плановите на британскиот премиер за Брегзит сакаат да усвојат закон кој ќе го принуди да побара одложување на излегувањето од ЕУ до 31 јануари 2020 година. Со нацрт-законот од Џонсон ќе се инсистира да побара од ЕУ одложување на Брегзит доколку до 19 октомври не успее да постигне нов договор со Унијата или да добие дозвола од Парламентот земјата да ја напушти ЕУ без договор, односно без уредени идни односи.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година