Опозицијата бара оставка од Камерон поради „Панамските документи“

Од:

Неколку видни британски опозициски пратеници го повикаа синоќа премиерот Дејвид Камерон да поднесе оставка по неговото признание за учество во активностите на офшор компании, јави ТАСС.

– Камерон имаше шест години (од моментот на доаѓањето на власт) за да ја каже вистината пред Парламентот и народот, но тој не го стори тоа. Оди си лицемеру, напиша на Твитер лабуристот Џон Ман, член на Специјалната фискална комисија во Парламентот.

Заменик-претседателот на Лабуристичката партија Том Вотсон го повика Камерон да му ги врати на Министерството за финансии сите средства, кои ги добил благодарение на сопственоста на офшор компании.

Лидерот на партијата Либерални демократи, Тим Фарон остро ги критикуваше активностите на Камерон, нагласувајќи дека тие ја поткопуваат верата во политичките лидери.

Би можело да ве интересира

Премиерот му одговори на Трамп: Не е на продажба

Претседателот на Панама му порача на Трамп: Панамскиот канал е наш и така ќе остане

ВИДЕО: Трамп вели дека САД би можеле да побараат од Панама да го предаде Панамскиот канал

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година