Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) соопшти дека почнала да ги истражува информациите за нервниот агенс од групата „Новичок“ и наведе дека ниту една земја не пријавила дека поседува таква супстанца.
Велика Британија тврди дека со тој неврен агенс бил отруен двојниот шпион Сергеј Скрипал.
„Ниту една од државите-потписнички на Конвенцијата за забрана на хемиско оружје не декларирала дека поседува таков неревн агенс“, наведува ОПЦВ во денешното соопштение.
Секоја држава, која е членка на ОПЦВ е должна да го декларира типот и количеството на отровни материи со кои располага и да ја преземе одговорноста за нивното уништување. Сите држави-членки на ОН се и дел од ОПЦВ освен Египет, Израел, Северна Кореја и Јужен Судан.
ОПЦВ информира дека на британските власти им понудила техничка соработка при истрагата.