Опасноста од големиот пожар во париската катедрала Нотр Дам веќе е неутрализирана, но „постојат сомневања како објектот ќе преживее“, изјави денеска државниот секретар во француското Министерство за внатрешни работи Лоран Нунес.
– Денеска претпладне ќе имаме средба со архитекти и експерти во обид да се анализира дали структурата е стабилна и дали пожарникарите може да влезат внатре, за да ја продолжат својата работа, изјави тој.
Нунес соопшти дека огнот „е под контрола, но не е целосно изгаснат“.
– Причината за пожарот се уште не е позната, нагласи Нунес.