Опасност од нова експлозија во фабриката за вештачко ѓубриво, властите ги евакуираат жители на Вест, Тексас

Од:

Постои опасност од нова експлозија во фабриката за вештачко ѓубриво во Вест, во Тексас и поради тоа властите брзаат со евакуација на луѓето кои живеат во околина на фабриката, јавија локални медиуми повикувајќи се на претставник на одделот за јавна безбедност.

По правата експлозија следувале две помали експлозии и сите биле регистрирани по пожар во фабриката.

На прес конференција градоначалникот Томи Муска изјави дека уште не знае колку луѓе загинале или се повредени, но меѓу 60 и 80 објекти во радиус од пет километри од фабриката се срамнети со земја. Уништен е Дом за стари и изнемоштени лица од каде се евакуирани, според него, 133 луѓе.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол