Опадна поддршката за независноста на Шкотска по првата ТВ дебата

Од:

Поддршката за независноста на Шкотска опадна после првата ТВ дебата, што се оддржа неделава, покажаа резултатите од испитувањето на јавното мнение кое за шкотскиот весник „Шкотиш дејли мејл“ го спроведе агенцијата „Сурвејшен пол“.

Според резултатите од анкетата, 50 отсто од испитаниците изјавиле дека на референдумот на 18 септември планираат  да гласаат против независноста. На  референдумот се одлучува дали  Шкотска ќе ја прекине унијата со  Англија, што трае 307 години, наведоа британските медиуми.

Анкетата покажа дека никогаш не била поголема поддршката за продолжување на унијата со Англија. Само 37 отсто од анкетиранире изјавиле дека ќе гласаат за независноста додека 13 отсто испитаници биле неопределени.

Доколку се  изземат незаинтересираните избирачи, независноста ја поддржуваат само 43 отсто, а останокот во унијата го сакаат 57 отсто Шкотланѓани.

Извршниот директор на „Сурвејшен пол“, Демијан Лоу, за британските медиуми изјави дека  во кампањата за независност ќе мора да дојде до „сеизмички промени“ за да може да се  изгласа отцепувањето на шкотаска  и дека оние кои ја водат таа кампања ќе мора да дадат одговори на клучните прашања, пред се, која валута таа независна Шкотска држава ќе ја користи.

-Јас мислам дека тие ќе  мора повторно да разгледаат некои од овие прашања и да се вратат со одговорите, рече тој.

Според резултатите од анкетата објавена на 3 август, за независноста се изјасниле 40 отсто, против биле 46 отсто, а 14 отсто испитаници биле неопределени.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот