ОН: Во судирите во Јемен 40 загинати, 260 повредени

Од:

Најмалку 40 лица се убиени, а 260 повредени за време на неколкудневниот вооружен судир во главниот град на Јемен, Аден, соопшти хуманитарната координаторка во Јемен Лиза Гранде, претставувајќи го денеска специјалниот извештај на ОН за таа земја.

„Десетици цивили се убиени и повредени од 8 август, кога избувнаа борбите во Аден. Прелиминарните извештаи покажуваат дека дури 40 лица загинале, а 260 повредени“, се вели во извештајот.

Координаторката на ОН ги повика спротивставените страни „да ги исполнат своите обврски согласно меѓународното хуманитарно право и да направат се што е можно за да ги заштитат сите јеменски цивили од сите делови на земјата“

Би можело да ве интересира

Тревога во Израел: Војската „пресретна“ проектил истрелан од Јемен

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Израелската војска пресретна две ракети од Јемен

Ал Хути: Хутите во Јемен ќе преземат воена акција доколку САД и Израел ја нападнат Газа

„Фајненшл тајмс“: Путин се подготвува за војна на другиот крај од светот

Горан Наумовски

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен