ОН: Во Јемен годинава има 460.000 регистрирани случаи на колера

Од:

Од почетокот на годината во воено разурнатиот Јемен се регистрирани над 460.000 случаи на колера, информираат ОН.

Светските агенции забележуваат дека овие бројки покажуваат драстично зголемување на болните во однос на 2018 година, кога имало 380 000 заболени.

Од почетокот на јануари се регистрирани и 705 смртни случаи, за кои се претпоставува дека се предизвикани од колера, што е огромно зголемување во однос на ланските 75 случаи.

Ширењето на колерата е забрзано од неодамнешните поплави, лошата поддршка на системот за управување со отпадните води и недостигот на пристап до чиста вода, посочуваат ОН.

Организацијата и нејзините партнери во Јемен управуваат со приближно 1.200 центри за лекување на колера, но нивното финансирање и натаму останува горлив проблем, наведува портпаролот на светската организација.

Од побарните 4,2 милијарди долари за хуманитарна помош за 20 милиони Јеменци ОН обезбедиле едвај 32 проценти.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Потврден прв случај на колера во Либан, ризикот од ширење на болеста е многу висок