Советот за безбедност на ОН ќе одржи специјален состанок следната недела на кој ќе се расправа за надминување на кризата со бранот мигранти преку Медитеранот.
Шефот на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини ќе ги извести членовите на Советот за плановите на ЕУ во врска со начините за запирање на бранот мигранти.
ЕУ од Советот за безбедност ќе побара одобрување на планот со кој може да се преземат воени акции против бродовите кои ги управуваат шверцери. Британија, Франција, Шпанија и Литванија соработуваат со Италија на изработка на нацрт резолуција со која ќе може да се спроведе планот на ЕУ, јавуваат француски медиуми.