ОН: Северна Кореја зеде 2 милијарди американски долари при компјутерски напади за финансирање на програмата за оружје

Од:

Северна Кореја заработила околу две милијарди долари „за своите програми за развој на оружје за масовно уништување, крадејќи од финансиските институции и менувајќи криптовалути со се пораспространети и се понапредни сајбер напади“, се наведува во доверливиот извештај на ОН, за кој пишуваат британските медиуми.

Пјонгјанг, исто така, продолжил да ги унапредува своите нуклеарни и ракетни програми, не спроведувајќи притоа нуклеарни тестирања или лансирања на интерконтинентални балистички проектили, се наведува во извештајот што до Комитетот за санкции на Советот за безбедност на ОН му го доставиле независни експерти, по шестмесечна мисија на набљудување, наведуваат британските медиуми

Мисијата на Северна Кореја во ОН не сакаше да го коментира извештајот што на Комитетот за санкции на СБ на ОН му беше доставен минатата недела.

Во извештајот се додава дека Пјонгјанг „го користел сајберпросторот за да ги испере украдените пари“.

СБ на ОН во 2006 година и воведе санкции на Северна Кореја за да и го отежне начинот на прибирање средства за развој на нуклеарното и балистичкото ракетно вооружување.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт