ОН: САД ќе купат 160.000 тони украинско жито за гладните во светот

Од:

САД во следните недели ќе купат 160.000 тоини жито од Украина за гладните во светот, изјави извршниот директор на Светската програма на ОН за храна, Дејвид Бизли.

Тој додаде дека таа пратка е една од неколкуте што Агенцијата на ОН ги планира и е шестпати поголема од првата пратка украинско жито организирана од ОН од почетокот на руската инвазија врз Украина.

Бисли истакна дека ОН проценуваат дека 22 милиони луѓе во светот гладуваат и дека ситуацијата е особено тешка во Рогот на Африка.

Брод со околу 25.000 тони жито од Украина е на пат кон Африка и се очекува да пристигне во Џибути на крајот на август, од каде житото ќе биде транспортирано по копно до северна Етиопија.

Светската програма за храна на ОН минатата година купи од Украина половина од житото потребно за да нахрани 130 милиони гладни луѓе во светот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД