ОН: Речиси еден милион луѓе гладуваат во сиромашните држави

Од:

Речиси еден милион луѓе во Авганистан, Етиопија, Јужен Судан, Сомалија и Јемен гладуваат или, во отсуство на надворешна помош, ќе се соочат со глад оваа година бидејќи се влошува глобалната криза со храна, предупредија агенциите на Обединетите нации.

Примарни двигатели на гласот се локалните конфликти и екстремните временски услови, што годинава се влошени со економската нестабилност поврзана со последиците од пандемијата со Ковид-19 и руската инвазија врз Украина.

Според Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) „големата суша во Рогот на Африка ги турна луѓето на работ на гладување. Глобалнат а криза со храна и несигурноста на храната брзо се шират низ светот. Без сеопфатен хуманитарен одговор, ситуацијата најверојатно ќе се влоши во наредните месеци“.

Во извештајот се наведува дека таквите трендови најверојатно ќе продолжат во наредните месеци, со дополнително зголемување на сиромаштијата и несигурноста кога станува збор за храната, а постои и зголемена закана од граѓански немири поттикнати од растечките социо-економски проблеми.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

Жесток разговор на Трамп и данската премиерка за Гренланд

А1он

Следува големо протерување од Словачка на странски државјани кои ги организираат протестите

А1он

Закани кон Орбан: Ќе има последици ако не поддржиш санкции за Русија

А1он

ВИДЕО: Руски патнички авион излета од пистата

Предраг Петровиќ

Киев ја спушта границата, во војна од 18 години

А1он